Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Детски мебел

KINDERKRAFT КРЕВЕТЧЕ БЕЗ ДУШЕК NICO

2 во 1: колевка и дневно креветче

17.490 ден.

KINDERKRAFT КРЕВЕТЧЕ БЕЗ ДУШЕК NICO

KINDERKRAFT КРЕВЕТЧЕ СО ДУШЕК NICO

2 во 1: колевка и дневно креветче

19.290 ден.

KINDERKRAFT КРЕВЕТЧЕ СО ДУШЕК NICO

На децaта им е потребен простор во кој ќе се чувствуваат убаво и безбедно. Детскиот мебел на Kinderkraft се одликува со топли бои, со разновидна и  практична примена, како и со безбедни решенија. Нашите производи се истакнуваат со својата фунционалност, висок квалитет и убав дизајн. Единствените решенија на компанијата Kinderkraft овозможуваат мебелот да му служи на вашето дете повеќе години.
Дали би сакале да создадете простор од бајките за своето дете? Нашиот мебел ќе ви овозможи да ја дизајнирате собата на вашето дете, како што ќе  посакате! Нашиот широк асортиман влучува практични дрвени креветчиња, орманчиња и комоди, како и кутии за играчки. Со Kinderkraft  се е поедноставно!

Кој мебел би требало да го изберете за детска соба?

Изборот на мебел за детска соба зависи од стилот во кој би сакале да ја дизајнирате. Треба да се потсети дека не се менуваат само трендовите на дизајн на ентериерот, туку и вкусот на вашето дете. Заради тоа добро е да се насочите кон разновиден детски мебел во неутрални бои, кој би одговарал на сите видови на внатрешно уредување. Во исто време, мебелот треба да има детски нагласок, со што собата на вашето дете ќе има топол изглед.

Нудиме детски мебел за помали соби – ако имате мал простор, би требало да се насочите кон функционални решенија, кои ќе ви заштедат простор. Пространите ормани, кутиите за играчки и орманчињата со масички за пресоблекување и креветчињата 2 во 1, се само некои од производите кои ги изработуваме. Што нудиме?

Дрвени  креветчиња

Сонот е пресуден за децата, бидејќи тогаш растат и се развиваат. Поради тоа на вашите дечиња им се потребни пријатни услови за спиење. За да му помогнеме на вашето дете добро да спие, ги продаваме најквалитетните дрвени креветчиња, кои не само што ќе бидат убава декорација за собата, туку и ќе му помогне на вашето дете, да биде безбедно и мирно додека спие. Во понудата имаме креветчиња со душек или без него, како и производи 2 во 1 – креветчиња, кои можат да се претворат во дневен кревет, за малку повозрасни деца, како што се MIA креветчињата.
Нашите дрвени креветчиња имаат душек кој се подесува на три нивоа и безбедни решетки – добивате едно парче мебел, кој на вашето дете ќе му служи многу години. Највисокото ниво на кое душекот може да се постави е за новороденчиња, средното ниво е повозрасни доенчиња, а најниското е за деца, кои се способни самостојно да седат и стојат.

Кога вашето дете малку ќе порасне и ќе посака самостојно да излезе од креветчето, постои можност на нашите креветчиња да им се отстрани бочната страна со решетки. За да ја обезбедиме сигурноста на нашите млади купувачи, вклучуваме сигурносна ограда кај овие видови на дрвени креветчиња. Кinderkraft нуди креветчиња со преубав дизајн. Кај нашите производи доминира белата боја, во сооднос со природно дрво, како и сиви нијанси, кои совршено се вклопуваат во скандинавскиот минималистички и класичен стил. Исто така, имаат и многу детски мотиви. Покрај тоа, нашите производи имаат и висококвалитетни завршни облоги и заоблени ивици, така што ќе можете да бидете мирни, кога е во прашање безбедноста на вашето дете.

Гардеробери  и ормани

Разновидни бои, безбедни материјали, капацитет, функционалност и убав дизајн во еден производ? Дали е тоа возможно кај мебелот? Да! Овие карактеристики го опишуваат мебелот на Kinderkraft. Ако во собата на вашето дете владее хаос, преполни кутии со играчки и премногу книги, кои треба да се сместат на полици, имаме совршено решение. Имаме убави ормани и разновидни комоди во минималистички, скандинавски стил. Пространи се, практични и ќе ви помогнат под надзор да го имате бројот на слободните предмети во собата на детето.

Нудиме мебел кој е совршен за мали соби – и ако немате доволно простор за игра, пространиот, преубав мебел, кој ќе ви помогне да добиете малку повеќе простор, е совршена опција. Нашите ормани и комоди со фиоки имаат вратнички, кои лесно се затвараат, додека полиците за книги и кутиите за играчки имаат доволно простор во нив да се стави поголемиот број на играчки на вашето дете. Совршен пример за такво решение е нашата полица за книги за деца RACOON со прегратки – има цврста подлога и може да се прицврсти на ѕид, со што би била уште побезбедна. Освен тоа, полицата за книги има шест прегради и четири полици.

Во орманите има полици и шипки за закачување – овие решенија дозволуваат да сместиме детски фустанчиња, џемпери, свечена облека и зимски јакни. Знаеме дека организирањето на просторот во мала соба може да биде тешко и затоа се фокусираме на максимална функционалност на сите наши производи.

Кутии за играчки

Ако се прашувате кој мебел да го набавите за вашата детска соба, Racoon кутијата за играчки е одличен почеток. Стилот одговара на поголемиот број на ентериери, а нејзините димензии и капацитет ќе ви овозможат лесно складирање на играчките на вашето дете. Овој вид на детски мебел е совршен за мали простории, затоа што колку што е помал просторот, полесно ќе го наполните. Заради тоа, добро е да ја одржувате собата уредна, со што вашето дете ќе има поголем простор за игра.

Стилот на нашиот мебел одговара на речиси сите ентериери и производи од асортиманот на Kinderkraft. Ако планирате да дизајнирате соба за новороденче или повозрасно дете, погледнете ги нашите преубави едукативни простирки, кои лесно можат да се користат како мека и практична подлога. Нашите производи не само што се практични, туку ќе бидат и прекрасен украсен мебел за собата на вашето дете.