Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
 
Политики за користење на системот за електронска трговија.
 
Со самиот пристап на интернет страницата на Либерта и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
 
Либерта ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
 
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
 
Либерта ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Либерта не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
 
Либерта ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Либерта за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.
 
3. НАЧИН НА ДОСТАВА

Достава се врши преку специјални курирски служби, единствено и само на адресата дадена при креирање нарачка. Доставата е до влез, доколку дадената адреса е во зграда.

Трошоци за достава
За нарачки чија вредност е под 1800 денари, трошокот за достава се наплаќа во зависност од големината на производот.
За нарачки чија вредност е над 1800 денари, трошокот за достава е бесплатен.

Бесплатна достава
Со креирање на нарачка во износ еднаков или поголем од 1800 денари доставата е бесплатна.

Рок за достава
Рокот за достава е до 5 работни денови. Доставата може да се пролонгира доколку во дадениот рок има неработни денови или доколку ја направите нарачката за време на распродажба.

Испорака на мебел
Мебелот кој се доставува на дадената адреса е без вклучена монтажа, испораката е до влез доколку наведената адреса е во зграда.

Важни информации за достава
Испораката се врши од понеделник до сабота 8 – 16ч. на адресата посочена во нарачката. За таа цел, потребно е да обезбедите лице кое ќе биде присутно за превземање на пратката на адресата која што ја имате приложено. При преземање на пратката потребно е да се потпишете на испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Доколку курирот не успее да ве пронајде на посочената адресата, тогаш повторно ќе се обиде телефонски да ве исконтактира на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас. Трошокот на испорака е обврска на Либерта Бебе Центар во првиот обид за достава. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за контактирање на клиентот, а клиентот сака да ја добие истата, трошокот за испорака е на товар на клиентот.

5. РЕКЛАМАЦИЈА

При достава на пратката ве молиме да проверите дали има оштетување на пакетот во присуство на курирот. Доколку има видливи оштетувања, пакетот не треба да го превземате од курирот.
Во овој случај ве молиме да не побарате на тел: 078 429 865 или да ни пратите е-маил со свои податоци (број на нарачка) на libertabebecentar@gmail.com и да ги наведете причините поради кои сте одбиле да го преземете пакетот. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.
Откако нарачаниот производ ќе ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени физички недостатоци на истиот. Доколку има видливи оштетувања потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 078 429 865 или на libertabebecentar@gmai.com. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.

Рекламација за онлајн нарачки во продавница
Производите купени онлајн не е можно да се рекламираат во продавница. Доколку има видливи оштетувања потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 078 429 865 или на libertabebecentar@gmail.com. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.