Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Преносливи детски креветчиња

13.490 ден.

Kinderkraft преносно креветче SOFI 4 in 1

Kinderkraft креветче NESTE UP

2 во 1 креветче за спиење

-5%
8.990 ден. 9.490 ден.

Kinderkraft креветче NESTE UP

Kinderkraft преносно креветче JOY со додатоци

Преносно креветче со додатоци

-5%
8.980 ден. 9.490 ден.

Kinderkraft преносно креветче JOY со додатоци

5.490 ден.

Kinderkraft преносно креветче - лулашка LOVI

Kinderkraft преносно креветче JOY

Преносно креветче

-17%
4.990 ден. 5.980 ден.

Kinderkraft преносно креветче JOY

9.980 ден.

Kinderkraft креветче NESTE AIR FULL WOOD

Kinderkraft креветче UNO UP

2 во 1 креветче за спиење

9.890 ден.

Kinderkraft креветче UNO UP

Преносливото детско креветче е спас за секој родител, кој патува. Лесно се склопува во компактна големина. Лесно е и доволно мало, за да се смести во мал багажник. Секое преносливо детско креветче на Kinderkraft е дизајнирано за родители, кои сакаат патувања заедно со нивните деца. Нашите производи се практични од гледна точка на родителите, но она што ги прави различни е големата удобност и тоа што одговараат за мали деца.

Исто така, нудиме детски креветчиња, кои ќе ви бидат спас, посебно во текот на првите месеци од животот на вашето дете. Изморени сте од ноќното станување поради хранење? Сакате да бидете блиску до бебето, но се плашите да спиете со него во ист кревет? Тогаш, детското креветче на Kinderkraft ќе биде совршено за вас! Дизајнираме креветчиња за спиење, кои исто така можат да се користат како самостојни креветчиња за бебиња.


Преносливо детско креветче

Ако многу патувате и не сакате да се откажете од патувањата, но се плашите за местото за спиење на вашето бебе, преносливите креветчиња ќе бидат вашиот  најдобар избор, ќе одговараат дури и за две годишни деца! Нивната главна предност е тоа што се лесни и лесно се склопуваат до саканата големина. Дизајнирани се да заземаат што помалку простор во багажникот на автомобилот.
 Покрај тоа, имаат и опрема, која го олеснува транспортот – на пр. преносливото детско креветче JOY е опремено со задни тркала за полесно пренесување од соба во соба. Вклучена е и патна торба, заедно со рачката. Исто така, често се опремени со пулт за преслекување, страничен пристап, две нивоа, подвижни се, имаат мрежа против комарци и многу дополнителна опрема. Се ова ги чини креветчињата за патување совршени, и за девојчиња и за машки.
Спротивно на нивното име, креветчињата за патување не мора да се користат само надвор од дома. Што се однесува до удобноста и безбедноста, понудените производи не се ништо помали од класичните креветчиња. Заради тоа, многу родители ги користат секојдневно.

Не се откажувајте од своите соништа за патувања - остварете ги заедно со детето!

Безбедни детски креветчиња за спиење

Колку многу совети има за успивање на бебињата, меѓутоа факт е дека некои бебиња ноќе се будат многу почесто од другите. Креветчињата за спиење се совршени за оваа ситуација. Нивниот дизајн овозможува поставување на креветчето на бочната страна од креветот на родителите, така што мајката не мора да станува и да оди на другиот крај на собата, за хранење на бебето.
Колевката за бебе, исто така е многу поудобна опција за родителите, кои имаат мал брачен кревет. Дополнителниот кревет за вашето бебе ќе му овозможи да ја почуствува близината на родителите, а истовремено на бебето ќе му даде сигурност, а на вас – мирен сон. Колевките за спиење, како што е креветчето NESTE, служат и како независен детски кревет.

Креветчињата за спиење на Kinderkraft се мултифункционални – некои од нив служат како самостојни креветчиња, а некои како кревети за повозрасни деца. Можете лесно да ги составите и транспортирате, така што можат да се користат како креветчиња за патување во подоцнежните месеци од животот.

Со  Kinderkraft вашиот живот ќе биде полесен, а сонот на вашето дете - мирен и пријатен.