Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Велосипеди и трицикли

Kinderkraft баланс туркало CUTIE

Мини баланс туркало

-19%
2.980 ден. 3.690 ден.

Kinderkraft баланс туркало CUTIE

3.980 ден.

Kinderkraft баланс велосипед MINIBI honey

-12%
3.490 ден. 3.980 ден.

Kinderkraft баланс велосипед 2WAY NEXT
Kinderkraft баланс велосипед RUNNER Vintage со додатоци

Kinderkraft баланс велосипед UNIQ

Баланс велосипед

-16%
4.200 ден. 5.000 ден.

Kinderkraft баланс велосипед UNIQ

Kinderkraft баланс велосипед RAPID

Погоден од приближна возраст од 2 години, велосипедот Kinderkraft Rapid Balance ќе му обезбеди н..

-16%
5.490 ден. 6.500 ден.

Kinderkraft баланс велосипед RAPID

Kinderkraft баланс велосипед GOSWIFT

Баланс велосипед

5.980 ден.

Kinderkraft баланс велосипед GOSWIFT

5.980 ден.

Kinderkraft трицикл 3 in 1 4TRIKE

Kinderkraft трицикл ASTON

Функционален трицикл

7.980 ден.

Kinderkraft трицикл ASTON

Kinderkraft трицикл JAZZ

Трицикл 4 во 1

-7%
8.360 ден. 8.980 ден.

Kinderkraft трицикл JAZZ

Kinderkraft трицикл SPINSTEP

Трицикл 5 во 1

10.980 ден.

Kinderkraft трицикл SPINSTEP

Kinderkaft трицикл EASY TWIST

Трицикал 5 во 1

-13%
12.980 ден. 15.000 ден.

Kinderkaft трицикл EASY TWIST

-13%
12.980 ден. 15.000 ден.

Kinderkaft трицикл EASY TWIST FREEDOM

Нашите производи ја прават секоја прошетка со родителите многу забавна. Возењето со велосипед е одличен начин слободното време да го поминете на отворено. Освен тоа, велосипедизмот е една од оние вештини, на кои се сеќавате целиот свој живот. Здрав дух во здраво тело – вреди да се осигурате дека детето својата авантура во животот ќе ја започне со физичка активност, со што ќе му се разбуди желбата за вежбање. Kinderkraft велосипедите за деца се фантастично решение! Сигурни, со цврста конструкција и убав дизајн, кои ќе го воодушеват секое дете и родител! Лесното возење и дополнителната опрема во нашите производи ги поттикнуваат активните излети. Нашата понуда вклучува велосипеди за рамнотежа за помали деца и трицикли за тригодишни деца, кои покасно можат да се прилагодат за вештините на повозрасни деца. Нудиме производи кои траат со години. Вашето дете е љубител на модерни и лесни велосипеди? Изберете го SPACE велосипедот за рамнотежа. Или можеби потполно спротивното – сакаат велосипеди во ретро стил? Тогаш RAPID велосипедот ќе биде совршен за нив.

Kinderkraft  велосипедите за рамнотежа, не само што нудат многу забава, туку и ги формираат моторичките способности на вашето дете. Покрај овие велосипеди, нудиме и модели на трицикли со функција на количка – совршени за деца, кои повеќе не ја сакаат својата количка, но се уште брзо се изморуваат при возењето. Ве болат рацете од постојаното носење на бебето, но не сакате да се откажете од заедничките физички активности? Погледнете го трициклот EASYTWIST.

Баланс велосипеди (Велосипеди за рамнотежа)

На двегодишни деца можете да им купите баланс велосипед. Ќе им помогне да ги подобрат своите моторички способности и ќе им го направат многу позабавно времето поминато на отворено. Kinderkraft велосипедите за рамнотежа им ја овозможуваат на децата потребната количина на движења, им помагаат да го формираат чувството за рамнотежа и ги подготвуваат како да научат самостојно да возат класичен велосипед. Баланс велосипедот, исто така ќе ви помогне да научите како да управувате со кормилото и да ги зајакнете мускулите на нозете на вашето дете. Издржливите тркала од пена отпорни на дупење, идеални се и за селски патишта и за градски патувања. Дополнителната опрема, како што е торбата на кормилото, ќе му овозможи на детето на пат да ги понесе своите омилени играчки.

Нашиот асортиман вклучува велосипеди за рамнотежа, кои ќе ги воодушеват и родителите и децата. Ви треба велосипед со лесен алуминиумски рам, со кој е лесно да се стигне на петти спрат? Или можеби повеќе би сакале класика и да купите дрвен велосипед за рамнотежа, подобрен со удобни рачки за носење? Сигурни сме дека ќе пронајдете нешто за себе! Посебно препорачан модел за тригодишници е велосипедот за рамнотежа RUNNER, кој има удобно подесиво седиште, а за оние кои повеќе сакаат метален рам, им го препорачуваме велосипедот за рамнотежа 2WAY NEXT.

Трицикли

Трициклите Kinderkraft погодни се и за децата и за родителите. Нашата мисија со години беше да создаваме производи, кои ги исполнуваат очекувањата на нашите купувачи – и малите и големите. Заради тоа нудиме трицикли, кои се добра алтернатива на детските колички и растат заедно со вашето дете. Кога детето веќе не сака да се вози во количка, но и натаму е премало за повеќечасовно трчање во паркот, на помош пристигаат трициклот AVEO и трициклот JAZZ. Имаат вртливо седиште кое овозможува возење свртен кон правецот на движење или обратно, како и единствен дизајн кој овозможува лесно демонтирање на поедини компоненти. Со само неколку потези може да се отстрани родителската дршка, шипката и сигурносниот појас – така што детето веќе може само да вози!

Трициклот Kinderkraft ќе го придружува вашето дете со години. Нашите производи можат да се прилагодат според висината, возраста и вештините на вашето дете. Нашите трицикли се мултифункционални – некои се погодни за деца од 9 месечна возраст, а некои се опремени со подесиво седиште за малку повозрасни деца (можност за подесување на оддалеченоста од педалите во два чекори). Исто така се грижиме и за удобноста на родителите, нашите производи имаат: удобни, подесиви рачки за држење, дополнителни сигурносни функции ( на пр. управување на движењето) и практичен прибор за родителите, како што е држачот за чаша.
Подарете му на детето незаборавен подарок и уживајте надвор, во времето поминато заедно!