Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Авто седишта

Kinderkraft седиште MYWAY 0-36 kg isofix

Сигурносно детско седиште, 0-36 kg

14.980 ден.

Kinderkraft седиште MYWAY 0-36 kg isofix

Kinderkraft седиште VADO 0-25 кg isofix

Детско сигурносно седиште ISOFIX 0-25 kg. RVF 0-18 kg.

12.980 ден.

Kinderkraft седиште VADO 0-25 кg isofix

Kinderkraft седиште ONETO3 9-36 kg isofix

Авто седиште со ISOFIX систем за деца од 9 - 36 kg

11.980 ден.

Kinderkraft седиште ONETO3 9-36 kg isofix

Kinderkraft седиште UNITY ISOFIX 15-36 kg

Сигурносно седиште за деца со тежина од 15 до 36 kg

14.800 ден.

Kinderkraft седиште UNITY ISOFIX 15-36 kg

Kinderkraft седиште COMFORT UP 9-36 kg

Удобно седиште за деца со тежина од 9-36 kg

5.790 ден.

Kinderkraft седиште COMFORT UP 9-36 kg

Kinderkraft седиште CONCEPT 9-36 kg

Седиште за деца со тежина од 9-36 kg.

4.980 ден.

Kinderkraft седиште CONCEPT 9-36 kg

Kinderkraft седиште SAFETY-FIX isofix 9-36 kg

Седиште со isofix механизам за деца со тежина од 9-36 kg

9.490 ден.

Kinderkraft седиште SAFETY-FIX isofix 9-36 kg

Авто седиштето е еден од најважните елементи при купувањето на работи за вашето дете. Има за цел многу важна задача – да го заштити детето додека патува со автомобил. Меѓутоа, доброто седиште за автомобил ќе биде сигурно само ако му одговара  и на детето и на автомобилот. Во пракса тоа значи дека пред купувањето, морате да обрнете внимание, не само на возраста, тежината и висината на детето, туку и на марката и моделот на вашиот автомобил, како и на косината на неговите седишта. Исто така, проверете дали моделот кој го барате го поминал crash тестот. Во Kinderkraft, од безбедносни причини, сите седишта на автомобилите се подложуваат на специјални тестови во познатите лаборатории Intertek во Холандија. Кои конкретни модели можете да ги пронајдете во нашата понуда?


Авто седишта од 0 – 13 кг

Авто седиштата за бебиња од 0 – 13 кг (ЕСЕ 0+) изгледаат како половина од лушпа на орев. Често се прицврстени за повеќенаменска количка (3 во 1). Тоа е првокласно седиште за новородени бебиња и нивните родители, затоа што со помош на адаптер можат лесно да се прицврстат во рамот на количката. Имаат сигурносен појас во три точки, зајакната школка, дополнителна влошка за мали деца и родителска рачка за удобно носење. Може да се користи како седиште, носилка и веќе споменатиот елемент, количка. Авто седиштето MINK е пример за тоа во понудата на Kinderkraft.


Авто седишта за бебиња и повозрасни деца

Нашата категорија 0+ вклучува седишта од категориите 0–28 кг и 0–36 кг, каде што сите седишта се завртени наназад (RVF). Тука е вклучено и авто седиштето MYWAY од 0–36 кг. Kinderkraft  авто седиштата во оваа категорија овозможуваат превоз на децата свртени наназад, според тежината, до 18 кг (RVF 0–18 кг). Оваа положба ефикасно го штити детето во случај на судар. Нашите производи се исто така многу пријатни, при што детето може удобно да патува – дури и при подолго возење. Некои модели се опремени со ISOFIX и појасот TOP TETHER. Кога тежината на детето ќе достигне 18 кг, седиштето се поставува свртено нанапред и обезбедено со сигурносниот појас од автомобилот.


Авто седишта 9 – 36 кг

Авто седиштата од 9–36 кг (ECE I / II / III) се дизајнирани за деца од околу една година до околу 12 години. Тоа се производи кои траат со години, затоа што растат заедно со детето. Во повеќето модели потпирачот за глава и висината на појасот можат лесно да се подесат. Во некои од нив, посебно во оние од неколку категории истовремено, аголот на косината на седиштето може слободно да се подеси. Покрај тоа, зајакнатата конструкција и пропусливите матерјали, кои се пријатни на допир, ги прават Kinderkraft  седиштата не само безбедни, туку и многу удобни. Еден од водечките производи во оваа категорија е авто седиштето ONETO3 од 9 до 36 кг, кое успешно ги помина ADAC, Stiftung Varentest и OAMTC тестовите.


Авто седишта од 15 – 36 кг

Авто седиштата од 15–36 кг се дизајнирани за повозрасни деца, кои веќе можат да се возат напред. Опремени се со водилки на бочните страни на школката на седиштето, за правилно водење на рамениот дел на сигурносниот појас. Нашите производи, исто така, имаат зајакнати потпирачи за главата за дополнителна заштита на детето. Авто седиштето од 15–36 кг. се монтира само со сигурносен појас, свртено нанапред. Нашите производи имаат широк спектар на подесување и на потпирачот за глава и на седиштето, што го олеснува нивното прилагодување на висината на вашето дете и на косината на седиштето во автомобилот. Авто седиштето UNITY, кое не само што е безбедно, туку е и многу удобно, секако го заслужува вашето внимание.

Сите производи се направени од пропусливи материјали (навлаки), кои го штитат детето од прекумерно потење и му помагаат на родителите да го одржуваат чист производот. Кога ќе го купите Kinderkraft седиштето, автоматски се вклучувате во програмата на сигурни авто седишта.