Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта
  • 3.980 ден.

Kinderkraft подлога за играње Luno

Подлога од пена

  • 2-3 дена

Мултифунционална пенаста подлога

LUNO е совршена основа за лежење, играње, лазење и правење на првите чекори на вашето дете! Благодарение на најголемата дебелина достапна на пазарот и посебно одбраните материјали, LUNO го штити вашето дете од паѓање и му ја пружа оптималната топлотна изолација. Големиот број на коцки со облик на сложувалки, ви овозможуваат подлогата да ја распоредите на голема површина и со тоа да му обезбедите одлична забава на вашето дете без создавање на непотребен неред.

Без штетни материи

Безбедноста на вашето дете е на прво место! Затоа вреди да се купи подлогата LUNO која ги содржи сите потребни сертификати и е направена од материјали кои немаат негативно влијание врз здравјето на вашето дете и семејството.

Водоотпорна и лесна за чистење

LUNO дава гаранција дека вашето дете одлично ќе се забавува, а вие ќе имате моменти за себе. Не треба да се грижите за безбедноста на детето или за состојбата на подот. Подлогата овозможува заштита од дамки од течности и храна и ги задржува на површината на пената. Само избришете со влажна крпа и играта може повторно да започне.

Конфигурација која ја развива фантазијата на детето

LUNO може да се состави на најразлични начини како и во тродимензионални форми. Неутралните бои, едноставниот дизајн и структурата на коцките кои можат да се составуваат како сложувалка, ги поттикнуваат децата на игра и ја развиваат нивната фантазија.

Елегантни и заоблени рабови на надворешните делови од слагалицата

Специјалната завршна обработка на подлогата не само што го подобрува нејзиниот изглед, туку и гарантира поголема сигурност на детето бидејќи се намалува ризикот од сопнување.

Нелизгачка површина

Благо рапавата површина на сложувалката совршено го штити бебето од лизгање додека ползи или ги прави своите први чекори.

Целосна изолација од подот

Подлогата има најголема дебелина достапна на пазарот (1,2 cm), со што се гарантира изолација од секаков вид на под. Исто така, таа е исклучително мека.

Погодно складирање и транспорт

Елементите за сложување на подлогата LUNO се исклучително лесни и практични, а нивниот транспорт го олеснува торбата која е во прилог на сетот. На овој начин, каде и да одите, вашето дете може да се чувствува како дома!

Совршена за секаков ентериер

LUNO се состои од 30 елементи со вкупна површина од 150 x 180 cm, што овозможува прилагодување на секаков простор, дури и како замена за тепих. Благодарение на класичните бои и дизајн, можете да бидете сигурни дека оваа подлога совршено ќе се вклопи во вашиот дом.

Безбеден материјал за вашето дете!

Пена

Со најголема дебелина на пазарот, нетоксична и не содржи: BPA, формалдехид и фталати

Спецификација – декларација

  • Бренд: Kinderkraft
  • Модел: LUNO
  • За деца на возраст: од 10 месеци па нагоре
  • Тежина: 2 kg
  • Димензии: Димензии на подлогата кога е составена:
    150 x 180 cm,
    Димензии на средните (внатрешните) сложувалки:
    31.5 x 31.5 cm,
    Дебелина 1.2 cm
  • Стандарди: Производот ги исполнува следните безбедносни стандарди:
    EN 71-1, EN 71-2
    and EN 71-3
    Безбедноста е потврдена од Институтот INTERTEK
  • Сетот вклучува: покривач
  • Димензии на пакувањето: 34 (должина)
    x 40 (ширина)
    x 36 (висина) cm
  • Земја на потекло: Кина

Напишете коментар

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да оставите коментар

Слични производи

Kinderkraft подлога за играње 3 во 1 - TIPPY

Kinderkraft подлога за играње 3 во 1 - TIPPY

Едукативна подлога

5.490 ден. без ДДВ: 4.653 ден.