Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Активни родители – како да не бидете ограничени со количката?

Се повеќе луѓе одбираат поактивен животен стил.

Најважните предности на носилката

Секој родител е во состојба да спомене неколку места, на кои движењето со детето во количка е исклучително тешко или дури и невозможно. Високите скали се многу голема пречка за мајките. Од друга страна, повеќето татковци се трудат да пазруваат со количката. Излегува дека носилката за бебе може да ги реши овие и други проблеми со ограничување во слободното движење. Прво, одберете носилка со што би биле сигурни дека рацете ќе ви останат слободни цело време. Така можете да се грижите за бебето, додека слободно носите количка, пиете кафе, па дури и го шетате кучето. Второ, носилката за бебе, исто така е добра за прошетки и планинарење. Кој вика дека мораме да се откажеме од нашите страсти, после раѓањето на новиот член во семејството. Патувањето со бебето може да биде многу пријатно – под услов да имаме соодветна опрема. Иако стазите не се секогаш многу стрмни, ви се причинува дека шетањето со количка претставува голем подвиг, и воглавно ви предизвикува анксиозност и стрес. Не си го правете тоа, ниту себе си, ниту на вашето бебе, за кое што факт е дека напуштањето на домот е голема работа. Трето, бебињата често се чувствуваат побезбедни во носилка, отколку во количка. Тогаш се многу блиску до родителот и ги чувствуваат чукањето на неговото срце. Уште повеќе, во носилката вашето дете ја завзема положбата – жаба, така што нозете на бебето се широко раширени. Ова го подржува правилниот развој на колковите на бебето.

Носилки – работи кои треба да ги запамтите

Иако носилките имаат многу предности, пронаоѓањето на соодветен модел бара многу време при потрагата. Купувањето на премногу крут или тесен модел, може да резултира со неправилен развој на детето (од кое ќе има многу здравствени проблеми, кога ќе порасне). Исто така треба да запамтите дека го носите малиот човек „секогаш со себе во светот“. Сместувањето на детето во спротивна насока ќе предизвика, меѓу другото, прекумерно ширење на грбот и недостаток на соодветна потпора за главата. Ова треба да се избегнува, посебно кај новороденчињата. Носејќи ги „свртени кон светот“, исто така може да им предизвика таканаречена прекумерна стимулација. Бебињата се изложени на бучава и доживуваат повеќекратни стимулации одеднаш, брзо се заморуваат, бидејќи се уште не се во состојба да ги филтрираат сите информации од случувањата што ги гледаат.

Дали е количката и понатаму потребна

Родителите се почесто се одлучуваат за живот без количка. Како што гледате, купувањето на носилка за бебе може да ни помогне, да останеме и понатаму активни. Меѓутоа, тоа не значи дека морате потполно да ја отфрлите количката – во многу случаи таа е неопходна. Може да биде корисна на пр. кога треба да земеме повеќе работи, отколку обично. Ќе ни биде многу полесно да ги спакуваме во торба интегрирана со количката, отколку во посебна торба. Носилката може да го растерети рбетот, што е многу важно за родителитод кои имаат здравствени проблеми. Поголемиот број од комерцијално достапните модели можат слободно да се прилагодат, со што подобро ќе се вклопат со нашите тела. Носилката го олеснува, не само излегувањето од дома, туку и хранењето и грижата за нашите поголеми деца. И покрај тоа, количката и понатаму се вбројува во основната опрема за бебе.