Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

„Alles Beste“ го тестираше авто седиштето за деца MYWAY на компанијата Kinderkraft

Kinderkraft MYWAY – позитивно е оценет на тестирањата на независното германско списание „Alles Beste“

„Alles Beste“ го тестираше авто седиштето за деца MYWAY на компанијата Kinderkraft

Германското списание „Alles Beste“ ги објави резултатите од своите испитувања на авто седиштата. Помеѓу избраните модели го имаме авто седиштето MYWAY на компанијата Kinderkraft, со ISOFIX 0 – 36 kg, RVF 0 – 18 kg, за кое добивме позитивни препораки од родителите и независните експерти.

На овогодинешното издание на тестирања, спроведени од „Alles Beste“ учествуваа 12 авто седишта. Покрај познатите брендови, како што се Cybex, Joie, и Britax, на списокот се наоѓа и MYWAY на KInderkraft.

Уредниците на списанието, кои ги оценуваа производите, се група независни експерти со искуство во својата област. Постојано го надгледуваат пазарот и разговараат со производителите, како би овозможиле избор на најинтересни предмети. Затоа сме уште позадоволни од позитивните мислења, кои ги доби авто седиштето MYWAY на Kinderkraft.

Во ова издание, учесниците во тестирањето ја проверуваа практичноста на авто седиштата, обрнувајќи внимание на функционалноста и квалитетот на производите. Kinderkraft MYWAY е дизајниран за наназад завртен (RVF) превоз на деца – RVF од 0 – 18 кг и нанапред завртен до 36 кг, со ISOFIX систем и горен појас TOP TETHER.

Експертите забележале 3 точни индикатори на вградување, кои значително влијаат на безбедноста на децата. Во авто седиштата MYWAY на Kinderkraft, системот на индикатори овозможува контрола на ISOFIX додатоците, затегнувањето на каишот TOP TETHER и заштита на детето со внатрешните каиши. Уште една голема предност која ја препознаа родителите беше можноста, седиштето лесно да се постави во лежечка положба со една рака, како и системот против лизгање. Меките перничиња за појасите и штитникот за скали, обезбедуваат удобно патување и безбедност на детето – тие секогаш остануваат на место, благодарејќи на системот Anti – slippery!

Сите Kinderkraft авто седишта се висококвалитетни производи и подложени се на ригорозни тестирања на судари во реномираниот холандски институт TASS INTERNATIONAL. Дури и после излегувањето на пазарот, подложени се на понатамошни повеќестепени инспекции. Производите се произведени во согласност со европските технички барања, а нивните производни стандарди потврдени се со европскиот безбедносен сертификат ECE R44.04.

Безбедноста на децата е приоритет на брендот, поради што Kinderkraft, при купување на авто седиште нуди и бесплатно учество во програмата, наречена SAFE CAR SEAT PROGRAM. Во случај на судар или незгода, каде, како што покажуваат истражувањата, може да се оштети седиштето, корисниците можат да го заменат со ново.