Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта
 „

„Alles Beste“ тестираше уште Kinderkraft производи!

„Alles Beste“ е независно германско списание, кое тестира производи на различни марки. На својата веб страна постираат за тестирање на разни производи, со што на потрошувачите би им олесниле во донесувањето на одлука при купувањето.

Мисијата на „Alles Beste“ е да ги истакне производите, кои се најдобри во дадената категорија. Во текот на оценувањето ги земаат во предвид различните фактори, во зависност од категоријата која се испитува: цена, квалитет, мобилност и многу други.

Списанието ги содржи најдобрите препораки за најновите технологии, вклучувајќи ги и оние, кои се користат во детските производи. Нашите производи редовно се тестирани од „Alles Beste“ и постигнуваат позитивни резултати. Погледнете како сме тестирани!

„Alles Beste“ ги тестираше производите на Kinderkraft

„Alles Beste“ тестираше неколку наши производи. Авто седиштето MYWAY, во претходното издание доби позитивна оценка. Овој пат ергономската носилка MILO и електричната клацкалка FLO, поминаа под микроскоп.

„Alles Beste“ ја препозна клацкалката FLO, како добра и евтина. Списанието кажа дека лесно може да се монтира и да се демонтира, има лесен дизајн, два извори за напојување (батерии и кабел) и додатна опрема, како мрежа против комарци.

„Нуди многу, за релативно ниска цена“

Тестерите истакнаа дека клацкалката FLO е практична за секој, кој сака да патува со своето дете. Се што треба да направите е да ја составите клацкалката и да ја земете со себе – монтажата и демонтажата може да ја направите за неколку секунди, а после притигнувањето на дестинацијата детето ќе има нешто познато во своето опкружување. Уште една предност е мрежата против комарци и муви, ако сакате да ја користите надвор.

Според зборовите на тестерите, потпирачот (наслонот) за грб, кој се подесува и потпирачот за глава, кој може да се отстранува, се голем плус – дури и кога детето е повозрасно. Се што треба да сторите е да го отстраните перничето и вашето дете може да продолжи со клацкањето. Останатите предности вклучуваат три брзини на клацкање и осум мелодии, кои нудат разновидност и уште подобра прилагодливост на производот кон детето.

Kinderkraft - ниска цена и добар квалитет

„Alles Beste“ го потврдува тоа што и ние го кажуваме за нашите производи. Нашите купувачи може да добијат висококвалитетен прибор за бебиња, по ниски цени. Во компанијата Kinderkraft не се грижиме само за гореспоменатите фактори, туку и за убавиот дизајн и функционалноста на нашите производи. Погледнете ја нашата колекција FREEDOM, за да видите дека стилскиот дизајн може да оди рака под рака со добрата цена и квалитетот!

12.11.2020