Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Дали вреди да се купи преносливо креветче?

На некои родители патувањето со дете може да им изгледа многу тешко...

На некои родители патувањата со дете, може да им изгледаат многу напорни и често, речиси невозможни, бидејќи се уште многу хотели, пансиони или семејни куќи, не се правилно подготвени за престој на деца. Уште повеќе, бебињата се под стрес поради новото место. Без своето познато домашно опкружување, поврзано со топлото и безбедно присуство на мајката, тие често имаат проблем со спиењето. Истото се случува и кога семејството ќе посети некои роднини или пријатели. И покрај уморот, родителите често се одлучуваат за враќање дома, бидејќи нивното бебе не може да спие на новото место. Како тоа да се поправи?

Детското креветче е многу важно

Научните истражувања покажуваат дека бебињата имаат помалку проблеми со успивањето, кога ќе се стават во нивниот кревет. Кога вашето бебе е многу мало, може да спие во колевката кога одите на одмор или во посета на роднините. Меѓутоа, после неколку месеци може да наидете на некои проблеми, посебно кога не спиете со бебето во ист кревет. Дури и кога колевката или креветчето се достапни на вашето место за одмор, вашето дете може да одбие да спие во нив. Затоа преносливите креветчиња стануваат се по популарни, бидејќи можете да ги понесете било каде.

Кои се карактеристиките на добар производ?

Мора да имате на ум, дека не секое преносливо креветче може да му помогне на вашето бебе да заспие мирно во текот на патувањето. Добриот производ треба да биде стабилен и после расклопувањето да обезбеди сигурно и удобно место за спиење. Уште една карактеристика – мобилност. Системот на склопување треба да биде едноставен при употребата, инаку ќе ве обесхрабри да го понесете на пат. Исто така е важна и тежината. Тешките модели, едноставно не се практични. Не заборавајте на дополнителната опрема – добро преносливо креветче (како што е „JOY со додатоци“), треба да биде опремено барем со масичка за преслекување. Пожелно е производот да е опремен со дополнителни елементи, бидејќи патувањето со деца секогаш значи голем багаж и многу уреди. Исто така би требало да го проверите душекот – цврстината, погодноста и профилирањето.

Не е само за патувања

Многу родители дома користат преносливо креветче, бидејќи обично се покомпактни од традиционалните парчиња мебел и поради тоа што лесно се чистат, лесни се и практични, затоа што се опремени со сите потребни додатоци – прекривка, вртелешка со играчки, душек и посебни џебови за пелени и козметика. Мобилноста е исто така важна, затоа што уредот лесно може да се поместува.

Променете го детското креветче во оградичка за играње

Важно е дека преносливото креветче може да се претвори во оградичка за играње. Оваа функција ќе ви ги заштеди вашите пари. Не морате да купувате дополнителен прибор за бебето, а овој производ долго ќе му служи на вашето дете.