Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта
Sièges auto - tout ce que vous devez savoir à leur sujet

Детски авто седишта – се што треба да знаете

Детски авто седишта – се што треба да знаете

Авто седиштето дефинитивно е еден најважните елементи на бебе-стартниот пакет. Негова работа е да го заштити детето при патувањата со автомобил, во случај кога не можете безбедно да го користите сигурносниот појас. Дали треба да изберете седиште за во автомобил и не знаете како да го изберете најдобриот производ за вашето дете? Овој напис ќе ви објасни се што треба да знаете – ќе одговориме на сите ваши прашања.

Преглед на содржината

Избор на авто седишта

Спротивно на она што мислите, одлуката околу авто седиштето не е лесна. Тоа е затоа што седиштата за во автомобил се поделени на различни видови, како и старосни и тешински категории. Исто така, некои производи се разликуваат по начинот на прицврстување (систем ISOFIX, вградување со помош на сигурносните појаси во автомобилот). Останатите кои се појавуваат се ADAC, Stiftung Varentest, OAMTC и RVF.

Свесни сме дека изборот е тежок за родителите – посебно за оние, кои се за прв пат родители. Затоа и го креиравме овој водич.

Па, како да одбереме авто седиште? Прво, одберете седиште според:

  • Видот на вградувањето (ISOFIX, вградување со помош на сигурносните појаси во автомобилот во три точки)
  • Насока на вградувањето (може ли авто седиштето да се постави наназад?)
  • Возраста и висината на детето
  • Сертификати и тестови, кои авто седиштето ги поседува (вклучувајќи ADAC, Stiftung Varentest, Intertek)
  • Колку одговара на самото возило
siège auto 0-25 kg ISOFIX RWF Kinderkraft

Предупредување! Авто седиштето го штити вашето дете подобро од било кое друго решение! Овозможува соодветна заштита при бочен удар и го намалува ризикот од пролизгување на детето под сигурносниот појас во случај на фронтален судар. Не треба да купувате евтини, недокажани авто седишта – секогаш треба да помислите за безбедноста на детето, а дури потоа за цената или дизајнот на седиштето во автомобилот. Исто така, немојте да купувате половно авто седиште, затоа што нема гаранција, дека можеби не учествувало во несреќа!

Кое авто седиште да се избере – категории на авто седишта

Уште едно прашање, кое може да им претставува потешкотија на родителите, кои избираат, е тежинската категорија и големината на авто седиштето. Тоа е можеби заради тоа што авто седиштата со повеќе опции, стануваат се по популарни. Видови на авто седишта, кои ги има по продавниците:

  • ECE 0-10 кг
  • ECE 0-13 кг
  • ECE I од 9-18 кг
  • ECE II од 15-25 кг
  • ECE III од 22-36 кг

Авто седиштата, кои покриваат неколку групи, како на пример оние од ECE II / III групата, наменети се за деца со тежина од 15-36 кг. Некои маркети и производители ограничуваат до некоја возрасна граница, како би го олесниле изборот, но имајте предвид дека тоа се само индикативни вредности. Главен фактор, кој треба да го имате во предвид, е дозволената тежина и висината на детето.

Кога треба да размислувате за замена на авто седиштето со поголемо?

Добар показател, кога треба да преминете на поголемо авто седиште, е тежината и висината на детето. Ако главата му стрчи над покривката за глава (тендата), морате да купите поголем модел или да ја промените положбата на авто седиштето ( на пр. од ECE I во ECE II). Едногодишно детенце, кое е многу мало, треба да има поинакво авто седиште, во однос на дете, кое е на иста возраст, но е повисоко.

siège auto 9-36 ISOFIX Kinderkraft

Сертификати

Уште една, многу важна работа, која треба да ја имате предвид пред купувањето на авто седиште се сертификатите и тестовите, кои се извршени на авто седиштето. Подолу во текстот е листа на најпознатите институции, кои тестираат авто седишта. Најчесто ги проверуваат новите и најпопуларните модели на пазарот. Тие не ги известуваат производителите дека спроведуваат тестови, а производителите не можат да побараат производот да се тестира. Како резултат на тоа, овие институции се независни и самостојни.

ADAC

ADAC тестовите се многу ригорозни, а авто седиштата кои се подложени на овие тестови, најчесто се избираат од моделите, кои се најнови и најпопуларни на пазарот. Институцијата не ги известува производителите, кои седишта ќе бидат тестирани. Проценката вклучува: безбедност, употреба, ергономија, штетни материи и леснотија на чистењето. Оценката 1,0-1,5 е највисока, а 4,6-5,5 е најниска. Германскиот ADAC е една од најпознатите институции, која тестира авто седишта на светот.

Stiftung Warentest

Stiftung Varentest, во соработка со АDAC, спроведува сложени испитувања, вклучувајќи и тестирања при судари. Воглавно, се проценува општата безбедност, едноставноста на употреба, ергономијата и штетните материи. Stiftung Varentest-от можеби не е доволно познат во другите земји, меѓутоа, во Германија речиси една третина од луѓето ги земаат во предвид тестовите, а 93% од возрасните Германци се свесни за нив.[1].

ОАМТC

Ова е австриски автомобилски, мотоциклистички и туристички клуб. Познат е и под името OEAMTC – ова е најголемиот автомобилски клуб во Австрија и седми по големина во светот. Претставува сестринска верзија на германскиот институт ADAC. Исто така, OAMTC тестира авто седишта; главните работи, кои ги оценува се безбедноста, едноставноста на употреба, ергономијата и присуството на штетни материи. Покрај тоа, OAMTC, во консултација со горенаведените институции, врши тестови за присуство на штетни супстанци во производите.

TASS INTERNATIONAL

TASS INTERNATIONAL е една од водечките светски институции, која вработува експерти во преку 11 земји. Седиштето и е во Холандија и тука спроведува специјализирани тестирања на судари. Има неколку лаборатории. Кога станува збор за авто седиштата, таа е специјализирана за испитувања на судари.

Сите авто седишта на брендот Kinderkraft, тестирани се на удари од страна на компанијата TASS INTERNATIONAL. Безбедноста на материјалите ja проверуваат угледните лаборатории INTERTEK. Покрај тоа, на пример, авто седиштето ONETO3, исто така, ги има поминато ADAC, OAMTC и Stiftung Varentest тестовите (оценка: задоволувачка). Дознајте повеќе за ONETO3!

Инсталирање на авто седиштето

Кога веќе ќе дознаете, кое седиште ќе го купите за вашето дете и кога ќе бидете сигурни дека одговара на седиштето во вашиот автомобил, време е да размислите на начинот на вградување.

Како да го поставите авто седиштето во автомобилот?

  • Со користење на сигурносниот појас во возилото
  • • Со помош на долните додатоци ISOFIX и каишите TOP TETHER Што е ISOFIX?
siège auto 0-36 kg ISOFIX RWF Kinderkraft

Што е ISOFIX?

ISOFIX е систем, кој овозможува брзо вградување на авто седиштето, без употреба на сигурносни појаси. Има два носачи, кои се наоѓаат помеѓу авто седиштето и наслонот на седиштето на автомобилот, а две кукачки се прицврстени за подножјето на седиштето.Заради начинот на врзување ISOFIX е поцврст и посигурен од начинот на врзување со сигурносен појас. Освен ова, авто седиштата со ISOFIX вградување, имаат дополнителни индикатори, кои покажуваат дали авто седиштето е правилно поставено, што дополнително ја намалува можноста за неправилно поставување. Повеќе за овој систем можете да прочитате во нашиот напис „Што е ISOFIX?“

Што е TOP TETHER?

Што е TOP TETHER? Тоа е специјален каиш, кој на едниот крај е прицврстен за авто седиштето, а на другиот крај се закопчува за автомобилското седиште. Негова цел е да го намали притисокот и авто седиштето да не се врти околу оската на ротација на ISOFIX носачите, во случај на судар.

siège auto 0-36 kg ISOFIX RWF Kinderkraft

Поставување на авто седиштето со помош на сигурносните појаси на автомобилот

И покрај се поголемата популарност на системот ISOFIX, поставувањето на авто седиштето со помош на сигурносниот појас во три точки, и понатаму е присутно. Причината е едноставна – не сите автомобили се опремени со ISOFIX. Како стандард во автомобилите ISOFIX е воспоставен дури во 1999 година. Покрај тоа, авто седиштата, кои можат да се вградат само со сигурносен појас, се поефтини. Сепак, во овој случај, задолжително проверете дали сигурносните појаси се затегнати, правилно водени и правилно прицврстени, затоа што тука може лесно да погрешите!

Авто седиште свртено наназад – што е RVF?

RVF, што значи свртени наназад, е вградување на авто седиште во положба – свртено наназад. Според тестовите, кои ги спровел Thomas Turbell (кој се смета за зачетник на концептот , каде што децата се свртени наназад во автомобилите) во институтот VTI, авто седиштата RVF имаат 92 % помал ризик од повреди при несреќи.

За децата се препорачува да бидат свртени наназад до три, четири години. Ова, меѓу другото, е задолжително во Скандинавија, која е позната по нивниот рестриктивен пристап на безбедноста. Во пракса тоа значи, дека треба купите авто седишта од ЕСЕ I / II категоријата, кои можат да се постават наназад.

siège auto 0-36 kg ISOFIX RWF Kinderkraft

Кога треба да престанете со користење на детско авто седиште

Аво седиштето треба да го користите, се додека детето не биде високо 135 см. Децата дури тогаш можат да патуваат за задното седиште на автомобилот, врзани со сигурносен појас. Повозрасните деца можат да патуваат на совозачкото седиште само кога ќе достигнат висина од 150 см. Ако се превезува дете, кое се уште не достигнало одредена висина и патува без авто седиште, тоа претставува сообраќаен престап, опасно е и во случај на сообраќајна несреќа, може да заврши со трагедија.

Авто седиште – кое е најбезбедно?

Сите родители би требало да знаат дека единствено разумно решение за најмалите деца се седиштата свртени наназад – RVF. Тие овозможуваат многу повисоко ниво на безбедност од класичните FVF (свртени нанапред). Покрај тоа, авто седиштата од класата ЕСЕ 0 и ЕСЕ 0+ опремени се со специјални додатоци за новороденчиња, кои ви овозможуваат уште подобро прилагодување на седиштето со возраста и големината на детето.

Стандардните производи, свртени нанапред, како што е авто седиштето UNITY, треба да се користи само кога вашето дете има најмалку три или четири години. Производите, пак, како што е MYWAY во категорија од 0-36 кг, можат да бидат интересно решение, затоа што ви овозможуваат детето да го превезувате во положба, свртено наназад, се додека не достигне 18 кг. Благодарение на ова, можете да купите безбеден модел, кој ќе трае долги години.

Клучно е да се напомене дека е апсолутно забрането да се користат половни авто седишта, кои учествувале во судар. Дури и во случај на помал судар, авто седиштето треба веднаш да се замени. Во зависност од видот на осигурувањето, како и гаранцијата од производителот, авто седиштата, кои учествувале во судар, обично треба да се заменат со нови. Kinderkraft се грижи за безбедноста на своите мали купувачи и затоа, секое авто седиште е опфатено со програмата Safe Seat, која гарантира замена на авто седиштата, кои учествувале во судар, со нови.

Авто седишта – внимателно бирајте!

Сега знаете како да изберете авто седиште, колку долго да го користите, како даа го монтирате, како и основните поими, како што се RVF, TOP TETHER и ISOFIX. Исто така, знаете што се ADAC сертификатите, како и главните параметри на кои треба да обрнете внимание при изборот на авто седиште. Запаметете дека одлуката за избор на авто седиште е исклучително важна во оглед на безбедноста, затоа не правете компромиси! Добри и сертифицирани авто седишта можат да го спасат здравјето и животот на вашето дете!

[1] https://pl.wikipedia.org/wiki/Stiftung_Warentest