Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Големи подготовки – што треба да купите пред раѓањето на бебето?

После сознанието дека носи нов живот, секоја мајка во целост го менува текот на своето размислување.

После сознанието дека носи нов живот, секоја мајка во целост го менува текот на своето размислување. Оттогаш, сите одлуки ќе имаат големо влијание на здравјето и развојот на малечкиот член на семејството. Од таа причина, веќе во првите недели, родителите почнуваат да составуваат список за работи, кои се неопходни за нега на бебето. Меѓутоа, влегувајќи во продавницата со детски производи, често се соочуваат со многу убаво дизајнирани производи, кои за жал подоцна се покажале како бескорисни. Некои од нив треба да ги купите за бебето, после раѓањето. Меѓутоа, постојат елементи кои мора да ги купите пред раѓањето. Па, што е тоа што мора да имате во детската соба, кога бебето ќе се донесе дома од болница? Да погледнеме кои се тие производи кои, според искусните родители, се основни предмети во првите недели од животот на нашето мало бебе.

Патување со бебето

Набрзо по излегувањето од болница, бебето го има своето прво патување, а тоа е доаѓањето дома. Порано, родителите си претпоставувале дека детето ќе биде најсигурно во нивните раце. За жал, таквото однесување, во случај на најмала нерамнина, може да доведе до трагедија. Од таа причина, возењето на деца со автомобил, е регулирано со закон, а денес, секое дете во автомобилот, треба да седи во авто седиште. Прв чекор за избирање на најдобриот производ е да проверите дали избраниот модел има компактни карактеристики, кои го обезбедуваат нежното мало тело, во една сигурна положба. Затоа многу внимателно погледнете ги сите елементи. Сигурносниот појас, треба да биде изработен од мек материјал, кој нема да го иритира детето. Најдобар доказ за квалитетно авто седиште, се одобренијата кои ги добил производителот. Поради тоа, секој прибор за деца кој сакате да го купите, мора да биде соодветен на релевантните услови. Прочитајте го приложениот пакет, кој сте го добиле со производот и погледнете дали вашите избрани модели ги тестирале квалификувани лица или институции. Институциите ги проверуваат сите критериуми, како што се : содржина на штетни материи во ткаенината, цврстина, стабилност за време на судар и сл.

Одиме на прошетка

Откако ќе изберете седиште за во автомобил, време е да размислите и за количка. Kinderkraft нуди модели, кои меѓусебно се разликуваат по големина и дизајн. На родителите кои бараат сеопфатни решенија, им се препорачува купување на комплет, кој вклучува: рам со посебни копчиња, колевка, спортски дел, авто седиште и торба за пелени. Оваа комбинација ќе ви даде гаранција, дека во првите недели од животот на вашето бебе ќе може да патува со вас било каде, без страв дека ќе го оштети својот нежен рбет.

Многу родители придаваат голема важност на одржување блискост со бебето. Во овој случај, вреди да се размисли за купување на носилка за бебе. Со својот сигурен дизајн, носилката ќе ви овозможи да го држите бебето близу при своето тело, со што ќе имате удобност и слободни раце. Тоа е исто така одличен начин за смирување на бебето – благодарение на вашата близина, бебето ја чувствува родителската топлина и мирис.

Кога ќе падне ноќта

Секој од нас знае колку е важно местото за спиење. Од таа причина подгответе соодветна колевка или преносливо креветче за вашето бебе. Ако сакате да му ги олесните секојдневните активности, како преслекување или нишкање на детето, размислете за проширениот модел, опремен со масичка за преслекување и вртелешка со висечки играчки. Ова, во голема мера ќе ги подобри сите важни задачи, кои во почетокот може да бидат малку напорни за родителите.

Секојдневна нега

Покрај опремата за во возило и во домот, би требало да обезбедиме и производи за секојдневна употреба. Неопходен е пакет со пелени, во најдобар случај во неколку големини, бидејќи тежината и висината на детето, понекогаш може да ве изненадат и покрај напредните тестирања. Важна е и целата козметика за нега на нежното тело. Природната пудра и кремите, ќе ви помогнат да ја заштитите кожата на бебето од иритантните надворешни фактори. Купите неколку бенкици, во неколку големини. Новороденчето многу бргу се валка, па морате да се подготвите за често преслекување.