Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Како да одберете авто седиште, кое одговара на возраста на детето?

Прашањето за избор на детско авто седиште, честo e тема на расправа во медиумите.

Прашањето за избор на детско авто седиште, е честа тема на расправа во медиумите. Штом ќе се случи некоја сообраќајна несреќа, која ги вклучува и децата, повторно се појавува дискусијата за тоа каде грешиме и како да одбереме детско авто седиште за во автомобил. Излегува дека најчеста причина за повреди кај децата, е неправилното вградување и тоа што седиштето не е прилагодено на тежината на детето. Како тогаш да не погрешиме и да не купиме погрешно авто седиште за своето дете?

Тежина / старосни групи

Параметрите на производот како што се авто седиште или помошно седиште, секогаш вклучуваат информации за групата на која дадениот модел припаѓа. Тоа воглавно укажува на децата, за кои производот е наменет. Групите се одредуваат според тежината на децата.

Група 0 –за новороденчиња и мали бебиња со тежина до 10 кг, се препорачуваат за деца, до приближно 9 месечна возраст. Се поставуваат свртени наназад. Многу ги сметаат за мултифункционални, бидејќи ни овозможуваат да носиме мали деца, па дури може да се инсталираат на рамот на количката.

Група 0+ -за новороденчиња и мали бебиња со тежина до 13 кг. Разликата помеѓу групите 0 и 0+ е во тоа што авто седиштата 0+ се подесиви и може да му служат на детето до 18 месечна возраст.

Група 1 – од приближно 9 месечна возраст, па до 4 години, ограничувањето на тежината е од 9 кг до 18 кг. Обично седиштата во група 1, може да се монтираат и во положба нанапред и во положба наназад.

Група 2 – приближно од 18 месеци до приближно 4–6 години, тежинската класа е 15 – 25 кг. Производите од овој вид секогаш се монтираат само нанапред.

Група 3 – за деца до 12 години, чија тежина е во дијапазон од 22 – 36 кг.

Комбинираната група 1 + 2 + 3 – од 9 – 36 кг, е честиот избор на родителите, кои сакаат да купат производ за повеќегодишно користење. Дизајниран е така што, со тек на време можеме да ги отстраниме дополнителните компоненти, со што би му овозможиле на детето соодветно ниво на безбедност и удобност.

Група 2 + 3 – односно од 15 – 36 кг. Исто така е популарен избор, кој често се наоѓа во продавниците.

Со купувањето на соодветно детско авто седиште, му гарантирате на детето не само безбедност, туку и удобност во текот на возењето и патувањето. Вашето дете ќе се чувствува неудобно патувајќи во премало седиште. Имајте го ова на ум во есен и зима, кога детето носи подебела облека. Тогаш базата на седиштето, може да му го ограничи движењето. Ако одберете преголем модел, вашето дете ќе се поместува и во случај на несреќа нема да биде соодветно заштитено.

Постојат многу други прашања врзани за изборот на добар производ, кои ви ги претставуваме во другите написи.