Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта
  • 5.000 ден.
  • 4.200 ден.

Kinderkraft баланс велосипед UNIQ

Баланс велосипед

  • На залиха

ФУНКЦИОНАЛНОСТ И ДИЗАЈН ВО ЕДНО

Исклучително лесниот велосипед е наменет за деца од 2 години па нагоре. Префинет во сите детали! Има уникатен дизајн со графика на кормилото и принтови на внатрешниот дел на рамот. Удобното и меко седиште содржи широк опсег на прилагодување, а на тркалата се изгравирани форми кои оставаат трага за време на возењето. Супер кул!

СИГУРЕН ДИЗАЈН

Дизајнот на велосипедот е во согласност со најновиот безбедносен стандард EN71-1. Безбедноста е потврдена од страна на овластената лабараторија INTERTEK. Дизајнот исто така е тестиран од TUV Rheinland.

МЕКО СЕДИШТЕ

UNIQ е единствениот дрвен велосипед со опција за едноставно и брзо прилагодување на висината во опсег од 30 до 40 cm. Можете да ја прилагодите висина во зависност од возраста на детето.

ДРВЕН РАМ

Рамот на велосипедот и заоблен и има висококвалитетна завршна изработка, без остри рабови. Изработен е од трајно брезово дрво од одржливи извори на управување.

ЕДИНСТВЕН ДИЗАЈН

UNIQ импресионира со својот стил! Оригиналната графика на предната страна и внатре во рамот го прават овој модел единствен.

ЛЕСНА КОНСТРУКЦИЈА

Благодарение на дрвената конструкција и EVA тркалата, овој велосипед тежи само 2,7 kg! Можете да го понесете каде било.

ДВЕ РАЧКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ

Правилно обликуваната рамка и рачките на кормилото овозможуваат лесно и удобно управување.

ОГРАНИЧЕН АГОЛ НА СВРТУВАЊЕ

Кормилото е со ограничен агол на свртување со што се штити детето од несакано паѓање.

ТРАЈНИ ТРКАЛА

12 инчните тркала изработени од EVA пена се отпорни на дупчење и имаат уникатен принт со логото на Kinderkraft кој остава трага зад себе.

ГУМЕНИ РАЧКИ

Велосипедот е опремен со гумени рачки кои штитат од лизгање и обезбедуваат удобно и сигурно управување. Во комплетот е вклучено и ѕвонче.

 

ЛЕСНИ, КВАЛИТЕТНИ МАТЕРИЈАЛИ

Брезово дрво

Исклучително лесен материјал од еколошки извори

Метал

Носачот на седиштето е изработен од метал.

EVA пена

Тркалата од EVA пена се лесни и отпорни на абење

СПЕЦИФИКАЦИЈА – ДЕКЛАРАЦИЈА

  • Бренд: Kinderkraft
  • Модел: Uniq
  • Тежина на производот: 2.7 kg
  • Димензии: Handlebars: 40 cm
    Дијаметар на тркалата: 28 cm
    должина: 83 cm
    висина: 54 cm
    Опсег на седиштето: 30-40 cm
  • Стандарди: EN71-1:2014, +A1:2018, EN71-2:2011 + A1:2014, EN71-3:2013+A3:2018
  • Вклучено: Ѕвонче
  • Возраст: од 2 години (или висина 80 cm) до 35 kg
  • Земја на потекло: Кина

Напишете коментар

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да оставите коментар