Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта
  • Kinderkraft подлога за играње 4smart
  • 5.490 ден.

Kinderkraft подлога за играње 4smart

Контрастни бои кои го стимулираат развојот на вашето дете

  • На залиха

Kinderkraft

Ruszamy w świat!

Подлога која го стимулира развојот додека вашето дете се забавува

Во првите месеци од својот живот, децата ги забележуваат единствено контрастните и јасни бои. Подлогата 4SMART е дизајнирана за да го привлече интересот на децата и да ги предизвика да истражуваат. Поделена во четири зони, оваа подлога го стимулира развојот на видот, слухот, допирот и концентрацијата на вашето дете уште од самото раѓање. 4SMART ќе го поттикне вашето дете да допира, да ја пружа раката, да се поместува и да се игра. Подлогата е мека и сигурна, а елементите кои се дел од сетот може да се носат и при прошетките со децата.

Kontrastowa mata sensoryczna 4SMART

Стимулирање на развојот на слухот кај вашето дете

Во првите месеци од животот децата најмногу ги перцепираат контрастните бои. Поради ова, 4SMART е карактеристична по својата црна, бела, жолта и црвена боја, кои овозможуваат вистинско ниво на стимулација на видот на вашето дете, и му овозможуваат да се сконцентрира на живописните елементи.

Kontrastowa mata sensoryczna 4SMART

Развој на видот
 

Шарените траки и внимателно одбраните бои му овозможуваат на вашето дете да го вежба сетилото за вид. Во првите месеци од животот децата гледаат единствено јаки, контрастни бои и затоа оваа подлога содржи токму вакви тонови.

Kontrastowa mata sensoryczna 4SMART

Развој на осетот за допир и координација

Тактилната подлога 4SMART содржи интересни елементи од различна текстура. Мазните и шушкави додатоци, како и меките звучни елементи и врвки, го стимулираат допирот и откривањето на нови облици и текстури. Исто така помагаат и за тренирање на фатот и пружањето на рака кај децата.

Kontrastowa mata sensoryczna 4SMART

Развој на слухот
 

4SMART исто така има зона која му овозможува на вашето дете да се запознае со различни звукови. Тоа се должи на контрастните играчки кои шушкаат и испуштаат звуци при допир. Вашето дете ќе ја научи причинско-последичната врска помеѓу допирањето на играчката и создавањето на звукот.

Kontrastowa mata sensoryczna 4SMART

Вежбање концентрација
 

Картите кои се наоѓаат во сетот, можат да се стават во посебен пластичен џеб кој се наоѓа странично на подлогата. На нив се прикажани различни облици и контрасти. Вашето дете ќе ги гледа со внимание и така ќе ја тренира својата концентрација. Едната страна на подлогата може да се подигне, со што се овозможува стимулирање на вашето дете да ја подига главата, да учи како да ја држи главата како и да ги тренира мускулите на вратот.

Kontrastowa mata sensoryczna 4SMART

Сензорна топка која е вклучена во сетот

Сетот содржи сензорна топка со која вашето дете ќе обожава да се игра. Голема, разнобојна и со интересни копчиња и детали. Вашето дете ќе се забавува и на подлогата и надвор од неа.

Kontrastowa mata sensoryczna 4SMART

12 контрастни карти
 

4SMART содржи сет од 12 двострани црно-бели карти и огледалце, кои можете да ги понесете со вас при шетање, да ги прицврстите на количка или едноставно да ги ставите во пластичниот џеб кој се наоѓа на страничниот дел од подлогата. Картите му овозможуваат на детето да тренира концентрација бидејќи го стимулираат да се фокусира на деталите и да научи да препознава облици.

Kontrastowa mata sensoryczna 4SMART

Прилагодливи лизгачки обрачи

Благодарение на овие лизгачки обрачи можете да ја менувате местоположбата на играчките. Вашето дете добро ќе се забавува додека го тренира своето памтење и открива нови позиции во кои можат да се најдат неговите омилени играчки.

Kontrastowa mata sensoryczna 4SMART

Додатоци: играчки
 

Подлогата ја добивате со: Висечко огледало, висечка топка со ѕвонче, висечка играчка која шушка, плишана крофна, шарени траки и мали шушкави топки. Овие додатоци можат да се закачат на обрачите или да се користат како самостојни играчки.

Удобност и комфор

Мек полиестер

За изработка на подлогата е употребен модерен полиестер кој е пријатен на допир. Тоа ја прави оваа подлога и играчките кои се вклучени со неа да бидат пријатни за детето.

Kinderkraft 4SMART

Дебела и висококвалитетна хартија

Картите со контрасти се изработени од густа, дебела и висококвалитетна хартија.

Kinderkraft 4SMART

Пластика која е безбедна за вашето дете

Некои од елементите како што се рабовите на играчките и на затегачите се направени од цврста пластика која е безбедна за вашето дете

Kinderkraft 4SMART

Спецификација – декларација

  • Бренд: Kinderkraft
  • Модел: 4SMART
  • Димензии: 128 x 116 cm
  • Висина од подот до обрачите: 46.5 cm
  • Димензија на подлогата со расклопени страни: 126 x 112 cm
  • Димензија на подлогата со преклопени страни: 75 x 75 cm
  • Димензија на кутијата: 12 x 19 cm
  • Тежина: 1.1 kg
  • Димензии и тежина на пакувањето: 65 x 46 x 10 cm / 1.6 kg
  • Земја на потекло: Кина

Напишете коментар

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да оставите коментар

Слични производи

Kinderkraft подлога за играње 3 во 1 - TIPPY

Kinderkraft подлога за играње 3 во 1 - TIPPY

Едукативна подлога

5.490 ден. без ДДВ: 4.653 ден.