Кој детски трицикл треба да го изберете во 2021 година?
Дали знаете кој детски трицикл треба да го купите и на што треба да обрнете внимание при изборот? Ве повикуваме на нашиот преглед на најдобри трицикли за 2021 година!
Дали знаете кој трицикл треба да го одберете за своето дете? Снеговите и ладното време полека не напуштаат и времето станува се поубаво. Ова е совршен изговор за прошетки. Трициклот ќе биде идеален сопатник за заедничко играње на отворено, што не само што ќе го подржи развојот на моторичките способности на вашето дете, туку и ќе го подготви за возење на вистински велосипед.
Тешко е да се замисли подобар начин слободното време да го поминете во град, од семејно одење во парк. Заедничките прошетки, во комбинација со физичка активност, не го подржуваат само имунитетот на детето, туку формираат и позитивни навики, како што е добрата подвижност. За да му всадите на детето подготвеност да се движи и активно да го користи времето, вреди да му се набави трицикл.
Меѓутоа, изборот на трицикли е огромен. За да ви ја олесниме одлуката, ви подготвивме преглед на велосипеди на три тркала за двегодишни, тригодишни, па дури и за деца од една година, за кои вреди да се размисли во 2021 година. Ве повикуваме!
Трицикл – од кога детето може да го вози?
Од кога детето може да седне на трицикл? Некои трицикли, кои ќе ги запознаете, наменети се за деца од 9 месечна возраст. Ќе ја препознаете подготвеноста на детето за возење, ако самостојно може да седи, ако има доволна висина и желба да ја усвои оваа активност. Во понудата на Kinderkraft ќе пронајдете производи, кои ќе ви овозможат возење на велосипед со навршени 9 месеци. Тоа е возможно благодарејќи на сигурносни појаси во 3 или 5 точки, сигурносна преграда, покривки за глава и можност за вртење на седиштето наназад во насока на движењето. Помеѓу другите, како модели на велосипеди на три тркала, идеален за деца е велосипедот на три тркала AVEO или велосипедот со седиште на вртење EASYTWIST.
AVEO
Овој трицикл ќе направи вашето дете да ги засака прошетките! Комбинира удобност, сигурност и практични решенија за родителите. Може да се користи на повеќе начини - благодарејќи на модуларната структура, AVEO велосипедите можат да се трансформираат од велосипед за едногодишно дете, како и за повозрасни деца - на пример, како за оние кои не можат сами да ги вртат педалите, така и за постари деца, кои сами сакаат да го откријат светот.
AVEO ви овозможува брзо и лесно да ги менувате функциите. Лесно може да ја демонтирате заштитната рачка, родителската рачка и да ги склопите држачите за нозе. За само неколку секунди, ќе го смените од трицикл за двегодишно дете, кое не може самостојно да вози, во велосипед за мал, независен велосипедист.
EASYTWIST
Овој трицикл со прилагодувачки потпирач за грб ги комбинира благодетите за развој на детето, со комодитетот на родителите. Дизајниран е да се менува со растечките потреби на детето. Благодарејќи на неговата модуларна структура и седиштето на вртење, детето ќе може да го истражува светот свртен во правецот на движење, а во подоцнежните фази ќе може слободно да научи да ги врти педалите, а потоа – вистинско возење. EASYTWIST е велосипед со кој детето, во текот на прошетката може да ги развие своите сетила, моторичката координација и моторичките способности.
Значи, пред да го одберете својот велосипед од соништата, секогаш проверете ја возраста која ја препорачува производителот. Може да излезе дека моделот кој ќе го одберете да нема ротирачко седиште и да е наменет за деца од 3 години.
Трицикл – дали вреди?
Трициклите им создаваат на повозрасните деца навики за редовни физички активности, а истовремено секоја прошетка ја прават единствена и незаборавна. Детето одлично ќе се забавува. Трициклите, исто така, го подготвуваат детето да вози вистински велосипед на две тркала. Го учат на правилно вртење на педалите. И, токму како и велосипедите за рамнотежа, тие се одличен начин да научат, како правилно да се однесуваат на патот.
Можноста за вртење на педалите ја развива координацијата и моторичките способности, што позитивно влијае на моторичкиот развој на детето. Меѓутоа, свесни сме, дека децата имаат различни нивоа на моторички развој. Заради тоа ние направивме велосипеди на три тркала, кои имаат можност за демонтирање на делови, а со самото тоа – лесно прилагодливи за детето.
Не ви требаат никакви алати за отстранување на родителската рачка, покривката за сенка или потпирачот за грбот – сите можете да ги отстранете брзо и едноставно.
Кој трицикл треба да го изберете за детето?
На што треба да се обрне внимание при избор на трицикл?
Пред да купите трицикл, обрнете внимание на неговите функции. Може да одберете класичен велосипед на три тркала со трајно прицврстена рачка на структурата. Меѓутоа, исто така можете да одберете решение кое многу подолго ќе ви служи вам и на вашето дете.
Се разбира, зборуваме за велосипеди кои комбинират функции на велосипед со самостојно возење на трицкл, со кој управува родител. Имаат и додатни елементи, кои им олеснуваат не само на децата, туку и на родителите кои ги користат.
Најчести се:
- Прилагодлива рачка
- Врска помеѓу управувачот на велосипедот со родителската рачка (родителот го контролира вртењето)
- Функција на слободно тркало (т.е. можност за вртење на педалите без придвижување на велосипедот)
- Склоплив потпирач за нозете за помали деца
- Практични додатоци (вклучувајќи корпа за дреболии)
- Навлака за седиштето и лесно чистење
- Покривка за сенка, која ќе ги заштити децата од сонцето
Предходно наведените велосипеди со ротирачко седиште за деца од околу 9 месеци, исто така стануваат се повеќе популарни. Благодарејќи на нив, децата не ги губат родителите од вид во текот на прошетката, а можат и да се одморат после првите кратки прошетки со одење. Овој вид на велосипеди ви овозможуваат излегување со децата, без количка.
Трициклите со ротирачки седишта кои ги нудиме, се: EASYTWIST, SPINSTEP и ASTON велосипедите. Благодарејќи на нивната модуларна структура, тие ќе ви служат за помали деца, па се до моментот кога детето седи безбедно и независно – можете лесно да ги демонтирате поединечните елементи (на пр. како кабината, појасите или сигурносните држачи и рачките за родители) и да го трансформирате велосипедот во независен трицикл за поголемо дете.
Со избирање на вакво решение ќе му купите на своето дете велосипед, кој ќе го користи повеќе години.
Како да одберете трицикл за своето дете?
Ако не знаете како да одберете велосипед за своето дете, прво погледнете ја неговата конструкција. Обрнете внимание на подолу опишаните елементи, со кој ќе одберете велосипед, според возраста и вештините на Вашето дете.
Обрнете внимание на:
- прилагодување на висината на седиштето со растојанието од педалите
- нелизгачки рачки на воланот
- држачи за нозете
- корпа на задната или предната страна на велосипедот
- демонтирачка родителска рачка
- едноставна промена на функцијата – без употреба на алат
- додатна опрема
Висината на седиштето е пресудна. Може да се испостави дека вашето дете е повисоко од стандардите или да има подолги нозе – во овој случај ќе излезе дека и најдобриот велосипед е глупост. Некои велосипеди имаат прилагодливо растојание од педалите – благодарејќи на тоа детето нема да има свиткани нозе до под брадата.
Најдобро е да се претпостави дека детето (за самостојно возење на велосипед), треба лесно да ја допира земјата со нозете, додека седи со седиштето. Тоа ќе му олесни не само да научи како да тргне, туку и како да застане. Благодарејќи на тоа ќе му биде полесно и да се симне од велосипедот.
Како да се одбере велосипед според висината на детето?
Најдобро е да се измери должината на нозете на детето – ова ќе ви овозможи да проверите дали детето може лесно да стигне до педалите. Поради тоа ќе можете да купите велосипед на интернет, без посета на продавница. Исто така проверете го растојанието помеѓу управувачот и седиштето.
Ако избирате велосипед за помало дете, обрнете внимание дали има потпирачи за нозете. Помалите деца се уште нема да вртат на педалите, ама пресудно е да имаат потпирачи за одмарање на нозете во текот на возењето.
Кој трицикл би требало да го одберете?
Во продолжение Ви ги претставуваме најпопуларните модели на трицикли од KINDERKRAFT со кратки карактеристики, кои ќе ви овозможат побрзо да се одлучите.
ASTON трицикл
- функција на слободно тркало (вртење на педалите без придвижување на велосипедот)
- родителска рачка поврзана со воланот на детето (управување, вртење)
- седиште на вртење, свртено наназад
- прилагодлива родителска рачка
- практична, голема задна корпа
- прегратка со централно заклучување, сигурносни појаси во 5 точки
- кочница на задните тркала, лесна за користење
- навлака која лесно се чисти
- удобни потпирачи за нозете
- лесно демонтирање на компонентите
JAZZ трицикл
- функција на слободно тркало (вртење на педалите без придвижување на велосипедот)
- се привиткува во компактна величина
- практична торба – ранец
- прилагодлива родителска рачка
- преграда со централно заклучување, сигурносни појаси во 3 точки
- кочница на задните тркала, лесна за користење
- навлака која лесно се чисти
- удобни потпирачи за нозете
- лесно демонтирање на компонентите
AVEO трицикл
- функција на слободно тркало (вртење на педалите без придвижување на велосипедот)
- ротирачко седиште наназад
- практична, голема корпа назад и помала корпа напред
- ташна за дреболии
- прилагодлива родителска рачка
- преграда за централно заклучување, сигурносни појаси во 3 точки
- кочница на задните тркала, лесна за користење
- навлака која лесно се чисти
- удобни потпирачи за нозете
- лесно демонтирање на компонентите
EASYTWIST трицикл
- функција на слободно тркало (вртење на педалите без придвиѓување на велосипедот)
- седиште CLICK & TWIST
- практична, голема корпа назад
- голем ранец за чување на работите на родителите и детето
- прилагодлива родителска рачка
- преграда за централно заклучување, сигурносни појаси во 3 точки
- кочница на задните тркала, лесна за користење
- навлака која лесно се чисти
- удобни потпирачи за нозете
- лесно демонтирање на компонентите
SPINSTEP трицикл
- функција на слободно тркало (вртење на педалите без придвижување на велосипедот)
- ротирачко седиште наназад
- практична, голема корпа назад и помала корпа напред
- родителска торба за родители (на ракофатот)
- прилагодлива родителска рачка
- преграда за централно заклучување, сигурносни појаси во 3 точки
- кочница на задните тркала, лесна за користење
- навлака која лесно се чисти
- удобни потпирачи за нозете
- лесно демонтирање на компонентите
Запомнете за безбедноста!
Без оглед кој модел на трицикл сте го одбрале за Вашето дете, никогаш не заборавајте детето да носи кацига – посебно кога ќе почне само да се вози. Избере кацига која добро лежи на главата на вашето дете, која е со правилна форма и обезбедува соодветен проток на водухот. Посебно ја препорачуваме SAFETY, детската кацига, која детето ќе може дополнително да си ја препознае, благодарејќи на приложените налепници.
Веќе знаете кој трицикл да го одберете за едногодишно дете, како и за двегодишно и тригодишно дете. Се надеваме дека нашите предлози и споредбени функции, важни и за малиот велосипедист и за неговите родители, ќе ви овозможат брзо да направите најдобар избор за вас.
Запамтете – ние сме тука за вас, за да ви го олесниме родителството.
25.03.2021