Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Која количка треба да ја одберете? Есен и зима

Ако планирате да ја замените количката или ако вашето дете се роди во есен / зима, треба да одберете количка која може да се користи во сите годишни времиња.

Која количка треба да ја одберете? Есен и зима

Ако планирате да ја замените количката или ако вашето дете се роди во есен / зима, треба да одберете количка која може да се користи во сите годишни времиња.

Есента и зимата се годишни времиња со многу сиви и дождливи денови. Многу малку луѓе сакаат да шетаат кога времето е студено. Но, би требало! Редовните прошетки се корисни за имунитетот и на детето и на родителите. Освен тоа, во есенските прошетки вашето дете ќе има можност за убава игра: вие и вашето детe, ќе можете заедно да побарате костени, желади и лисја, а потоа да ги користите за создавање на уметнички дела. Но, што ако вашето дете се уште не оди или брзо се заморува при прошетките, а вашата количка не одговара за дождливо време?

Ако планирате да ја замените количката или ако вашето дете се роди во есен / зима, треба да одберете количка, која може да се користи во сите годишни времиња. Па, која количка треба да ја одберете за есен и зима? Еве неколку совети, за тоа на што треба да обрнете внимание при купувањето.

Седум причини заради кои би требало да одите на есенски прошетки.

  • При прошетките вашето тело подобро се снабдува со кислород – ова ни помага подобро да функционираме и да имаме повеќе енергија.
  • Во текот на есента има и сончеви денови, со што вашето тело ќе произведе повеќе витамин D, кој е неопходен за нашето функционирање.
  • Свежиот воздух благотворно делува на респираторниот систем и на родителите и на детето.
  • Постудениот воздух и редовните активности го зајакнуваат телото и помагаат во подобрување на имунитетот.. Само немојте да заборавите да се облечете согласно временските услови.
  • Есенските прошетки со детето, ќе ја зајакнат врската со него и ќе ви овозможат убаво да си поминете заедно.
  • Редовните прошетки ќе му овозможат на детето да биде во контакт со природата.
  • Прошетките исто така му создаваат навика на вашето дете да биде физички активно, редовно вежбање се препорачува и за помладите и за постарите.

Која количка треба да ја одберете за есен и зима? Што е важно?

Која количка ќе ја одберете, во голема мера зависи од потребите на родителите и на детето. Постојат различни колички за бебиња ( 3 во 1 и 2 во 1 колички со колевка и седиште за прошетки) и за мали деца, кои трчаат наоколу и ретко сакаат да одмораат при прошетката. Меѓутоа, ако бирате количка за есен и зима, обрнете внимание на:

  • тркалата
  • матерјалот на покривката за глава
  • апсорбирање на ударите
  • додатоци за дожд / снег
quelle poussette choisir pour l’automne/l’hiver]

Тркалата на количката – кои се најдобри за есен и зима?

Ако бирате градска количка, можете да купите количка 3 во 1 со тркала од пена, отпорни на дупење. Ќе бидат одлични за прошетки по асфалтирани патишта, па дури и веднаш после дожд. Меѓутоа, ако живеете во подрачје со паркови или шума, каде што има кал после дождот, одберете количка со гумени тркала, наполнети со воздух. Количката ALL ROAD има премиум тркала, кои одговараат на сите услови. Многу се поголеми и издржливи – совршени за сите терени.

За тешки терени (надвор од град, во шуми, паркови, селски подрачја)

Гумени тркала, наполнети со воздух, по можност со амортизери. Треба да изберете количка со премиум тркала.

За прошетки низ градот

Вртливи тркалца, кои лесно се управуваат, изработени од пена, отпорни на дупење, со зголемена отпорност на трошење. Погледнете дали предните тркала се заклучуваат за движење право.



Количка со водоотпорна покривка за глава

Количката со покривка за глава, која се шири, ќе биде одлична и за есен и за лето. Покривката го штити вашето дете од дожд, ветер и сонце. Меѓутоа, не се сите колички направени од водоотпорни матерјали. Ако сакате вашата количка да одговара за сите годишни времиња, погрижете се на материјалите да стои „водоотпорна“. Не се прошируваат сите покривки – погледнете дали моделот, кој сте го избрале, има патент, кој ќе ви овозможи дополнително да ја проширите покривката за глава, како што количката е EVOLUTION COCOON 2 во 1.

Quelles roues dans la poussette sont les meilleures

Апсорпција на ударите на сите четири тркала или на рамот

Апсорпцијата на ударите е задолжителна, и тоа не само во есен. На пример, количките CRUISER LX се идеални за прошетки надвор од градот, без оглед на годишното време, благодарејќи на амортизацијата на ударите на сите четири тркала. Исто така, одлични се за низ град, затоа што тркалата добро функционираат на асфалтиран пат и нерамен терен. Треба да размислите и за колички со двостепена апсорпција на ударите на тркалата (на пример, количката VEO) или на рамот. Количката PRIME има таква апсорпција на удари. Апсорпцијата на ударите, посебно на тркалата, ќе ви помогне да се справите со калта и другите пречки, кои често ги има во есен и зима, како што се барички со вода или лисје на пешачката стаза.

poussette avec amortisseurs ou sans_

Практични додатоци за дождливо време

Спротивно на нивниот изглед, не се сите колички опремени со мантил за дожд и грејач за нозете. Ако изберете количка за есен или зима, погрижете се да оди заедно со мантил за дожд. Исто така, проверете и дали покривачот за нозе е доволно топол.