Период на хранење - како да се олесни ноќното хранење!
Како да се олесни ноќното хранење и да се овозможи повеќе спиење во текот на првите месеци од животот на бебето?
Хранењето на бебето и понатаму е контроверзно. Јасно е дека мајчиното млеко содржи многу корисни состојки, кои позитивно влијаат на развојот на бебето и го зајакнуваат неговиот имунитет. Сепак, модерното адаптирано млеко се подобрува и дава адекватна алтернатива на мајчиното млеко, во случаите кога мајката од медицински причини не може да дои или едноставно не сака да дои. Без оглед на одлуката која ќе ја донесете, ноќното хранење на родителите им носи многу непроспиени ноќи. Ако се прашувате како да си го олесните ноќното доење, ве повикуваме да го прочитате овој напис. Ќе ви кажеме како да си олесните и да го пребродите овој период.
Потреба за близок контакт
Во текот на првите неколку месеци од животот, хранењето на бебето е многу интензивно и тоа е единствената храна, која ја добива бебето. Ова мора да се прави редовно, според потребите на бебето, дење и ноќе. Меѓутоа, потребата за близок контакт на новороденчето и неговата мајка не мора нужно да значи дека бебето е гладно, иако и двете потреби ги покажува со плачење, кое претставува единствен начин новороденчето да комуницира со околината. Заради тоа неопходно е добро да се надгледува бебето, за да се спречи прекумерно гоење. Најдобро решение е да се биде постојано во контакт со матичниот педијатар и со него да се разјаснуваат сите дилеми.
Во последниве неколку години се повеќе педијатри предлагаат хранење на бебето „кога ќе побара“, односно кога е гладно. Обично, бебето сигнализира дека е гладно на секои 3-4 часа, но треба да имаме на ум дека секое дете е различно. Покрај тоа, некои бебиња можат да имаат проблеми со цицањето, па може да бараат почесто доење. Во ова нема ништо лошо - тоа што сте го ставиле детето на градите, не значи дека тоа ќе се „најаде“. Запомнете дека рефлексот на цицање, мајчината топлина и чукањето на нејзиното срце го смируваат бебето и едноставно се неопходни за бебето.
Постојат мислења дека бебињата хранети со адаптирано млеко мирно спијат цела ноќ. Меѓутоа, ова не е потврдено - се зависи од бебето, па дури и ако користите млеко од шишенце може да се случи бебето да се буди ноќе и да бара храна. Како да се олесни овој напорен период, кога бебето бара храна на секои 2-3 часа, не обрнувајќи внимание дали е дење или ноќе?
Хранење на бебето ноќе
Новороденчињата се уште не го знаат ритамот на денот на возрасните. Тие допрва учат - не знаат кога е ноќ, а кога е ден. Заради тоа првите месеци од животот на бебето можат да бидат фрустрирачки, а мајката постојано може да биде ненаспана, заради честите будења. Без разлика на тоа дали мајката дои или подготвува адаптирано млеко, самото будење на бебето, изнесувањето од креветчето, хранењето, успивањето и враќањето во креветчето, претставува тешкотија и често е заморно за мајката.
Се повеќе млади мајки, сакајќи да си го олеснат ноќното хранење, се решаваат да спијат со своите бебиња. Овој избор значи дека мајката не мора да станува ноќе за да го нахрани бебето. Меѓутоа, некои родители се плашат да спијат со бебето, затоа што бебињата се многу нежни. Исто така, некои родители сакаат да спијат одвоено од бебето. Меѓу другото, во следните месеци од животот детето почнува да се врти и да ги удара родителите, прекинувајќи им го сонот и предизвикувајќи им фрустрации.
Во ваква ситуација, преносливите креветчиња се многу корисни. Тоа се посебни креветчиња, кои се прицврстени за креветот на родителите. Обично се прицврстени со долги ремени, како на пр. креветчето NESTE UP, така што не постои ризик креветчето ноќта да се одвои од креветот на родителите. Преносливите креветчиња се исто така универзални - имаат неколку нивоа на подесување на висината на душекот, со што се олеснува вклопувањето со креветот на родителите. Пример за такво креветче е преносливото креветче UNO UP.
Преносливото креветче е одлично решение, за секоја мајка која дои или го храни бебето со млеко од шишенце. Благодарение на тоа бебето ќе има свој простор и во текот на хранењето мајката не мора да станува. Многу млади родители ова решение го сметаат за големо олеснување ноќе, кога ќе стигне новиот член во семејството.
Не само хранење
Спиењето блиску до мајката, не само што го олеснува хранењето, туку е и многу важно за бебето – тоа прави близина и му дава на бебето чувство на сигурност. Треба да се има предвид дека ритамот на бебешкиот сон, посебно во првите недели од животот, многу се разликува од ритамот на спиење на возрасните. Бебињата полесно се будат, што е поврзано со фактот дека значаен дел од сонот (експертите тврдат дека е дури до 80 %) спаѓа во активната фаза на спиење, која се нарекува REM фаза. Во оваа фаза, бебешкиот мозок е многу активен и затоа многу посилно реагира на надворешните дразби. Исто така, забележано е дека чувството на блискост со родителите му овозможува на детето правилно функционирање на неуротрансмитерите, како и правилен развој на нервниот систем. Благодарение на оваа блискост се одржуваат точните нивоа на серотонин (хормон за расположение), допамин (за подвижност и радост), норепинефрин (хормон за енергија) и ацетилхолин (за памтење).
Преносливо креветче – кои се предностите
Преносливите креветчиња имаат многу предности. Пред се, тие се прилагодуваат, што го олеснува вклопувањето со креветот на родителите. Покрај тоа, некои од нив се повеќенаменски – можат да се користат како самостојни креветчиња за бебе или по потреба можат да се понесат со себе на патување. Страната од креветчето која се спушта, често е дополнително осигурена, а кај некои модели, како на пр. NESTE AIR, бочните страни на креветчето се направени од мрежа – таквите креветчиња се идеални за топло време и погодни се за топли временски услови. Некои од нив, исто така овозможуваат подесување на косината на душекот – ова е посебно корисно кога на Вашето бебе му тече носот и ноќе тешко дише. Би потсетиле дека перничиња не се препорачуваат за новороденчиња – меѓутоа, подесувањето на душекот ќе Ви овозможи малку да го подигнете целото тело на бебето, така што нема да лежи на рамно и ќе може многу полесно да дише во текот на болеста.
Новина е и автоматското подесување на ногарките на креветчето со рамката на креветот на родителите – ова уште повеќе го олеснува прилагодувањето на подвижното креветче на различни кревети. Но, тоа што е најважно, нивната најголема предност е што не морате да станувате ноќе, за да го храните бебето. Кога на новороденчето му е потребна близина од родителите или едноставно почнува да плаче ноќе, мајката или таткото можат веднаш да го прегрнат, наместо да стануваат и да одат на другиот крај на собата.
Преносливо креветче – дали се исплаќа?
Дефинитивно, да. Ако се подготвувате за раѓање на бебе или само што сте го донеле на свет и сакате да водите сметка, како за квалитетот на спиењето, така и за блискоста, која му е потребна на Вашето бебе, за купување на преносливо креветче вреди да се размисли.
01.01.2020