Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Што треба да купите за новороденче? Список на потребниот комплет

Дали вашиот почетен комплет е подготвен и се прашувате, што уште треба да купите? Прочитајте – дознајте за најдобрите задолжителни производи, кои најмногу придонесуваат за развојот на вашето бебе.

Дали вашиот почетен комплет е подготвен и се прашувате, што уште треба да купите за вашето дете, со што би сте придонеле за неговиот развој во првите месеци од животот? Или можеби барате додатоци, кои ќе ви овозможат секогаш да бидете во близина на вашето дете, додека ви се овозможува малку простор за дишење? Овој водич ќе ви ги покаже производите кои вреди да ги купите за новороденчето, со што, би си го направиле животот попријатен во домот и надвор од него. А ако и понатаму се прашувате што да вклучите во почетниот прибор за новороденче, зошто не би сте го прочитале нашиот напис Почетен прибор за новороденче – што треба да купите пред доаѓањето на бебето?

Потребен прибор – што треба да купите за новороденчето

Овој напис, ја прикажува дополнителната опрема од асортиманот на Kinderkraft, без која родителите не можат. Затоа што со Kinderkraft, се е полесно :)

Преносливо креветче со спуштено постоље

Ако сакате да си ги олесните секојдневните активности, како што е преслекувањето на пелена или успивање на детето, зошто не би сте се одлучиле за креветче со спуштено постоље, опремено со масичка за преслекување, во исто време и преносливо? Оваа опција ќе ги поедностави секојдневните активности, кои на родителите им паѓаат тешко на почетокот. Пример за такво креветче е преносливото креветче JOY со додатоци, кое може да биде и независно креветче. Има спуштена база, што значи дека ќе ви биде полесно да го ставите или извадите детето, со помал напор за вашиот грб. Преносливото креветче може да се склопи и да се понесе на одмор. Покрај тоа, со JOY доаѓаат и додатоци, кои го олеснуваат одржувањето на работите уредни, со помош на полицата која може да се закачи на креветчето и да се користи за редење на пелени и влажни марамчиња.

Lit parapluie JOY avec accessoires Kinderkraft

Нишалка (релаксатор)

Зошто не го разгледате релаксторот кој е погоден за новороденчиња? Ви овозможува да ви бидат слободни рацете, а вашето дете секогаш ќе биде покрај вас и ќе биде дел од секојдневните активности во домот. Нишалката LULI и нишалката LUMI нудат одлични можности – и двата модела делуваат како лулашка и нишалка, но се движат како клатно (бочно во страна). Заради тоа детето се чувствува безбедно, како да е во прегратка на родителите. Исто така, вашето бебе ќе се чувствува посмирено и поопуштено.

Можете да купите класична нишалка, како што е електричната нишалка FLO, која е пофалена од страна на независното германско списание Alles Beste. Сите наши нишалки имаат вградена мелодија, а брзината на вибрации исто така може да се прилагоди. Покрај тоа, LUMI е опремен со далечински управувач, USB и Bluetooth, што значи дека може да му ги пуштате омилените песни на вашето дете.

Balancelle électrique à bascule latérale LUMI Kinderkraft

Можете да купите класична нишалка, како што е електричната нишалка FLO, која е пофалена од страна на независното германско списание Alles Beste. Сите наши нишалки имаат вградена мелодија, а брзината на вибрации исто така може да се прилагоди. Покрај тоа, LUMI е опремен со далечински управувач, USB и Bluetooth, што значи дека може да му ги пуштате омилените песни на вашето дете.

Подлога за игра

Треба да размислите и за тоа, каква подлога да купите. Едукативните подлоги обично се користат од приближно 4 месеци. Физиотерапевтите потврдуваат дека лежењето на прицврстена површина е корисно за детето, но не смее да биде пренапорно. Големата MATTY подлога е многу дебела и издржлива, има одлична изолација од подот, ќе биде многу корисна и покасно може да се користи како тепих и ќе ви служи многу години.

Tapis de sol MATTY Kinderkraft pour votre enfant

Хранилка за хранење и играње

Хранилката не е задолжителна на почетокот. Меѓутоа, кога вашето дете ќе има околу шест месеци, ќе дојде време да ја прошири својата исхрана, па ќе мора да одлучите кој модел да го купите, така што ќе трае подолго од шест месеци. Повеќенаменска хранилка, која може да се користи како столче за играње или обично столче е ENOCK хранилката. Тоа е цврста, мултифункционална хранилка, дизајнирана за деца од околу 6 месеци до 10 години!

Се одликува со преубав, вонвременски дизајн – светлото дрво ќе ја стопли секоја просторија, без разлика дали е уредена во класичен или модерен стил. Покрај тоа, ENOCK нуди широк спектар на можности за подесување, шти значи дека може лесно да ја прилагодите на столчиња со различни висини. Едноставното подесување на седиштето и тацна, која може да се отстрани, ќе ви овозможи брзо да ја трансформирате во столче за повозрасно дете. Седиштето е широко и профилирано – овој производ го сакаат и родителите и децата!

Што да купите за новороденче – дали знаете што ви треба?

Добро е да купите нишалка, која е дизајнирана за новороденчиња. Ќе ви помогне бебето да ви биде во близина за цело време додека го откриваат своето опкружување на нивното удобно седиште. Исто така, би требало да размислите за купување на простирки – стандардни едукативни или сензорни подлоги. Малите деца многу брзо учат и затоа овие видови на подлоги се исклучително корисни. Тие го стимулираат развојот на вашето дете и му помагаат да ги развива своите моторички вештини – да учи да се превртвува, да ги пружа рацете, да се исправи или да лази. Од друга страна, повеќенаменската хранилка (како што е ENOCK) ќе му овозможи на детето да си игра и учи.

Се надеваме дека ви помогнавме да одлучите што ќе купите за вашето дете. Вреди да се купат овие предмети – тие ќе ви го олеснат животот, а детето ќе има доволна мотивација, која ќе му помогне во играта и неговиот развој.