Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Нишалки (релаксатори)

Kinderkraft релаксатор 2 во 1 LUMI

Релаксатор и столче за лулање во едно

9.490 ден.

Kinderkraft релаксатор 2 во 1 LUMI

Kinderkraft столче за лулање 5 во 1 UNIMO 2020

Удобност во 5 варијанти

7.290 ден.

Kinderkraft столче за лулање 5 во 1 UNIMO 2020

Kinderkraft релаксатор LULI

Електричен релаксатор и лулка во едно

7.980 ден.

Kinderkraft релаксатор LULI

Kinderkraft релаксатор FLO

Релаксатор и клацкалка 2 во 1

-10%
6.280 ден. 6.980 ден.

Kinderkraft релаксатор FLO

Kinderkraft релаксатор FINIO

Релаксатор и клацкалка

6.490 ден.

Kinderkraft релаксатор FINIO

Kinderkraft релаксатор MINKY

Електрична лулка

-35%
4.490 ден. 6.900 ден.

Kinderkraft релаксатор MINKY

Kinderkraft лулка FELIO 2020

Лулка и клацкалка 3 во 1

4.490 ден.

Kinderkraft лулка FELIO 2020

Kinderkraft релаксатор SMARTFUN

Столче за лулање

2.600 ден.

Kinderkraft релаксатор SMARTFUN

Сонувате ли за моменти на одмор дома? Ве болат рацете од постојаното носење на бебето? Ако е тоа така, ќе видите дека нишалките за лулање на Kinderkraft се непроценливи. Сигурносниот појас во пет точки и цврстата основа, го прават производот стабилен и безбеден, а во исто време лесен и лесно се преместува од една во друга просторија. Секоја нишалка за лулање во нашата понуда има мека подлога, која овозможува максимална удобност кога бебето одмора. Нудиме класични нишалки за лулање, релаксатори и електрични лулашки. Нашите производи имаат универзален дизајн, во комбинација со детските елементи. Заради тоа, се вклопуваат во поголемиот дел на внатрешноста на домовите и истовремено служат за својата намена.

Нишалки

Нишалката е производ, кој ќе ви помогне лесно да ги извршувате активностите за кои немате доволно време, истовремено водејќи сметка за своето дете. Сакате да подготвите вечера или треба да користите тоалет, а вашето дете бара лулање? Во таквите моменти на помош доаѓаат нишалките од Kinderkraft! Ако на момент го ставите детето во нишалката и го прицвстите со сигурносните појаси во пет точки, ќе ви овозможи да се опуштите некое време. Покрај тоа, некои нишалки, како на пример нишалката UNIMO, имаат функција на автоматско нишање. Таквите електрични нишалки се опремени со вртелешки со висечки играчки, така што на детето никогаш не му е досадно за време на вашето кратко отсуство. Некои производи имаат неколку опции на подесување на лежалката (од лежечка до седечка положба), со што аголот на потпирачот (наслонот), можете лесно да го прилагодите на моменталните потреби на вашето бебе.

Кај класичните нишалки доволно е лесно притискање за да почне лулањето – таквото лулање го смирува и успива бебето. Класичните нишалки им овозможуваат на родителите да ја контролираат брзината на лулање, а полесни се и поевтини од електричните нишалки. Нашите производи се опремени со шипка со висечки играчки, со што на вашето дете нема да му биде досадно, а за тоа време вие ќе можете да подготвите кафе. Исто така, нудиме електрични нишалки, опремени со тивок механизам, кој нема да го буди детето од дремка.
Широкиот спектар на различни модели, ви нуди можност за прилагодување на нишалката, како со различни ентериери, така и на потребите на вашето дете. Сите електрични нишалки на Kinderkraft ќе му овозможат на вашето дете удобен одмор, после неговата исцрпувачка и интересна игра.


Релаксатори  (нишалки)

Во Kinderkraft ќе пронајдете и класични нишалки и лулашки. Секој наш производ е изработен со најголемо внимание. Kinderkraft релаксаторите имаат сигурносни појаси во пет точки, како и цврст рам и цврста рамка за лулање, кои им даваат стабилност. Лесни се и лесно можат да се преместуваат во било кое место од домот. Со тоа, вашето бебе секогаш ќе биде во ваша близина. Релаксаторите, исто така, им овозможуваат на децата светот да го гледаат од потполно поинаква перспектива. Можат да го гледаат поголемиот дел од околината околу себе, и што е најважно, ги имаат родителите на видик. За почеток посебно го препорачуваме релаксаторот FINIO, кој се одликува со убав дизајн и можност за употреба од самото раѓање.

Релаксаторите за детски соби од Kinderkraft се меки, пријатни на допир и имаат убав дизајн. Производите кои ги нудиме се одликуваат со цврста и стабилна конструкција. Прилагодливиот агол на потпирачот, како и издржливиот и подесив сигурносен појас гарантираат сигурен и удобен одмор.